Балканци го контролираат подземјето во Австралија


Подземјето во Австралија го контролираат криминалци од балканските земји, кои одржуваат врски со криминални групи во Колумбија, Мексико и повеќе азиски држави, објави весникот „Дејли Телеграф“.

Според весникот, едно големо истражување на „Њуз Корп“ открива дека еден од најголемите нарко картели во светот стациониран во Австралија, го водат луѓе од Балканот.

Со картелот раководат имигранти од поранешна Југославија, кои во минатото биле „истакнати фигури на подземјето“ и кои од 90-те години на минатиот век своја база нашле во сиднејскиот кврат Кингс Крос, кој е познат по богатиот ноќен живот, но и по раширениот криминал, наведува весникот.Vaso_Ulic

Според полициските сознанија, овие криминалци кон средината на минатата деценија ја напуштиле Австралија и се вратиле на Балканот, но подоцна повторно пристигнале на австралиско тло, формирајќи криминална мрежа која се проширила низ целиот свет.

Полициски претставник вели дека оваа криминална организација претставува најголема закана за Австралија, благодарејќи на цврстите врски, дисциплината и влијанието врз локалните заедници.

Со картелот наводно раководи извесен Васо Улиќ од Кингс Крос, кој се доселил во Австралија во 1979 година. Картелот, според полициски сознанија, годишно шверцува по најмалку шест тони дрога, пред се кокаин и екстази. Наркотиците потекнуваат од Јужна Америка и преку картелот, покрај во Австралија, се дистирбиураат и во Европа, Кина и Нигерија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1