Банкомат во Сан Хуан, Порторико, заедно со парите издаде и потврда на која пишувалo ,,мразиме педери,,
Банкоматот бил поставен во кафуелто ,,Ocho de Blanco,, во главниот град во Порторико. Човекот кога си ги земал парите и потврдата видел на неа испишано на англиски ,,We hate fags,,
И кафулето и ATM Mobile која го поставила банкоматот се дистанцираат од инцидентот.
,,Се чини дека ова е некој хакер пристапил од надвор во системот и го репрограмирал банкоматот да ја исфрла таа порака,, изјави претседателот на компанијата Хорхе Торес кој потенцираше дека неговата компанија не поддржува нетолеранција кон LGBT луѓето, и дека ќе се испита безбедността и пропустот што доведоа до овој инцидент. Активистите на LGBT заедницата во Латинска Америка жестоко го осудија ,,хомофобичниот банкомат,, и и се заблагодарија на компанијата за брзата реакција и поддршката.