Еден Италијанец, кој западнал во финансиски кризи, се полил денеска со бензин и се запалил пред вилата на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони во близина на Милано.
Припадници на воената полиција, кои ја обезбедуваат вилата, успеале да го изгаснат огнот и повикале помош.
Засега не е познато зошто 30-годишниот Италијанец, одлучил да се запали токму пред домот на Берлускони.
Медиумите наведуваат дека името на мажот е Кладуио Усала и дека е во критична состојба.
Усала на полицијата и рекол дека е очаен бидејќи банката му ја укинала кредитната линија на неговата агенција за огласување, која има 12 вработени.