Иако е во стечај, италијанската авио-компанија Алиталиа порача нови униформи за своите вработени кои ќе ги дизајнира познатата креаторка Алберта Ферети.Компанијата соопшти дека новите униформи се порачани за поголема удобност на вработените.
Според раководството на компанијата, новите униформи нема да претставуваат дополнителен финансиски товар за Алиталиа.
Авио-превозникот е понуден на продажба. Владата на Италија потроши милијарди за да ја одржи Алиталиа во живот и се надева дека до пролетта ќе успее да ја продаде компанијата, цела или на делови.