Барате работа? – еве каде може да се вработите за плата од 24.800 денари


Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (Сл. весник бр. 54/13) и член 31 од Статутот на ЈП Градски Паркинг – Скопје,  директорот во рамките на своите права и овластувања на ден 26.06.2013 год. објавува:

oglas rabota vrabotuvanjeЈАВЕН ОГЛАС
за засновање на работен однос на неопределено време
1.  За работно место – Инженер IТ технологии – 1 (еден) извршител, основна плата во нето износ 24.864 денари.
Услови:
– VII/1 степен – Информатички науки
– Работно искуство од најмалку 1 (една ) година во струката
– Работа со компјутери (напредно познавање на МЅ Office – Word, Excel, интернет)
– Познавање на англиски или друг странски јазик
Работно време од понеделник до петок. од 8 до 16 часот.
2. За работно место – Референт – администратор во кол центар 1 (еден) извршител, основна плата во нето износ од 19.240 денари
Услови:
– IV степен
– Работа со компјутери (основно познавање на МЅ Office – Word, Excel, интернет)
Работно време од понеделник до поток, прва смена од 8 до 15 часот, втора смена од 15 до
22 часот и секоја втора сабота од 8 до 15 часот.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот, а изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
Кон пријавата кандидатите задолжително да достават:
– доказ за завршено образование (фотокопија)
– уверение за државјанство (фотокопија)
– лична карта (фотокопија)
– доказ за познавање на МЅ Office – Word, Excel, интернет
– за работно место под бр. 1 доказ за работно искуство
– кратка биографија
– молба
Нецелосните пријави нема да бидат земени во предвид.
Пријавите со потребната документација да со достават на адреса:
ЈП Градски Паркинг – Скопје, ул. Македонија бр. 11-а, П.фах 739, 1000 Скопје
(со назнака за оглас).
ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1