1. Градежната компанија „Гранит“ бара директор на организациона единица Механизација, за работа на определено време до 6 месеци. Огласот трае до 6 јуни, а платата предвидена за ова работно место е 60.000 денари.
1. Директор на Организациона единица Механизација -1 извршител
– ВСС – дипл. машински или градежен инженер
– Со работно искуство најмалку 5 години
– Кандидатите дипл.маш.инж со работно искуство од 5 години на менаџерска позиција
– Кандидатите дипл.град.инж со работно искуство од 5 години во градежна оператива
– За работа во Скопје
– Познавање работа на компјутер
– За работа на определено време до 6 месеци
– Плата 60.000,00 денари
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон.
Работата од огласеното работно место ќе се одвива со полно работно време (8 часа) од понеделник до петок, со работно време од 08,00 до 16,00 часот.Огласот трае пет работни дена од објавувањето. Молбите за работа доставете ги во ГД „Гранит“АД – Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр. 8, или на E-mail: [email protected]
При доставување на молбите за работа кандидатите задолжително да го наведат називот на работното место за кое конкурираат.
2. Се бара проект менаџер на едногодишниот проект „Спроведување на ЕУ политиката на конкуренција и државна помош во Република Македонија“, финансиран од Британската Амбасада во Скопје. Проектот ќе го имплементира Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија. Деталите за проектот и условите за аплицирање на порталот Факултети.мк
3. Пет вработувања се нудат во интернационалната градежа фирма „Џевахир Груп“ АД Скопје. Компанијата која ги гради висококатниците Џевахир Скај Сити има потреба од два сметководители, референт за надворешна трговија, референт за набавки и БЗР Безбедност и здравје при работа. Колкава плата е предвидена и условите за аплицирање проверете ги на следниот ЛИНК
4. Кроација Осигурување АД-Друштво за осигурување на живот бара еден соработник за продажба, за работа со полно работно време. Предност имаат кандидатите со искуство во областа на осигурувања.
Критериуми за аплицирање:
– Минимум 3 години работно искуство во директна продажба
– ВСС или ССС
– Подготовка на анализи и извештаии
– Изразени комуникациски способности
– Познавање на англиски јазик
– Познавање на работа во Microsoft Office
– Кандидатите со работно искуство во областа на осигурување ќе имаат предност
– Возачка дозвола
Избраниот кандидат ќе работи со полно работно време
Потребна документација:
– Биографија (CV)
– Мотивационо писмо
Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават најдоцна до 02.07.2014 година на адреса: ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.20, спрат II, 1000 Скопје, Р.Македонија или на e-mail адреса: [email protected], со назнака: Пријава за вработување – Координатор на продажба. Краен рок за пријавување: 02.07.2014
Реновираниот хотел „Изгрев“ во Струга бара професионалци за повеќе работни позиции – од масери, козметичари, келнери, па до помошник на генерален менаџер. Се работи за 40 различни работни позиции, а работниот однос е на определено време. Комплетниот список за тоа што му треба на хотелот на Факултети.мк