Романтичното рандеву во паркот во Инсбрук заврши кобно за 22-годишната Германка. Таа и нејзиното момче дошле на идеја да разменуваат нежност во платнена лежалка која од една страна ја врзале за блиското дрво, а другата за столбот на камената фонтана во паркот.
Столбот поради оптоварувањето и мрдањето во еден момент се урнал и тешко ја повредил несеќнаа девојка, која иако веднаш била префрлена во болница, лекарите не можеле да и го спасат животот.
Според податоците од полицијата, 24-годишното момче ноќта околу 23.30 часот ја врзал лежалката меѓу фонтаната и дрвото.
По само 15 минути се случила трагедијата. Тој останал неповреден.
Побарана е обдукција врз телото на настарданата девојка.