Беќаровски: Ревидирајте ја бесмисленоста на одлуката за прележаните од Ковид-19


Почитувани колеги, членови на здравствената комисија, на првиот состанок ревидирајте ја бесмисленоста на одлуката за вистински прележаните од Kовид-19 и 45 дена заменете ги со логичните 9-12 месеци, апелира д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.

-Тие луѓе веќе поминаа една голгота, имаат имунитет и не ги терајте со сила во прегратките на антиваксерските промотори. Одлуката еден ден по прва доза да се имаат сите права е медицински и епидемиолошки неиздржана и е погрешен начин за стимулација на вакцинацијата! Драги колеги, да останеме тоа што најдобро го знаеме, доктори, а не политиканти, напиша д-р Беќаровски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1