Минијатурното момче Ан Ан прерано се родило во кинеска болница на 8 јануари, а прогласено е за мртво на 4 февруари 2016 година.
По прогласувањето на смртта, Ан Ан е однесен во мртовечницата каде поминал 15 часа на температура од минус 12 Целзиусови степени. Кога почнале да го подготвуваат за кремирање, Ан Ан заплакал. Истиот момент бил вратен во болницата, пренесува „Дејли мејл“.
Кога се родил Ан Ан тежел помалку од еден килограм, а во инкубатор поминал 23 дена. Родителите го одвеле дома за да ја прослават Новата година како семејство. Но, неговата состојба набрзо се влошила. Таткото на Ан Ан Лу веднаш го одвел во болница, каде лекарите заклучиле дека на момчето срцето престанало да му чука, па било прогласено за мртво. Неговиот татко тогаш го обвиткал во облеката, го ставил во вреќа и го однел во мртовечницата.
По 15 часа поминати во мртовечницата, кога Ан Ан требало да биде кремиран, вработените во мртовечницата слушнале плачење. Шефот на педијатрија д-р Чен рекол дека во 20 години работење во струката никогаш не видел такво нешто.