Бебе оставено пред Домот за доенчиња во Битола


Женско бебе на возраст од околу една недела е оставено пред влезот на Домот за доенчиња во Битола.

Бебето е пронајдено вчера во 23:45 часот од страна на З.Б. (50) од Битола.

За случајот е известен Центарот за социјални работи во Битола по што социјален работник излегол на местото на настанот и извршен е разговор со З.Б..

Новороденчето е оставено во Домот за доенчиња и се преземаат мерки за расчистување на случајот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1