Бебето кое го родила 19-годишната струмичанка било пронајдено во јама, дознава „Слободен печат“ од извори во истрагата. Бебето било мртво.
Во СВР Струмица, случајот е пријавен на 3 март, кога доктор од струмичката болница јавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко.
По извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила.
Полициски службеници извршиле разговор со неа, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување, а бебето не е најдено.