Малиот Со Џет Стар кој е роден пред една недела кога ќе порасне ќе мора да го објаснува потеклото на своето необично име. Мајката на ова новороденче се породила минатата недела на летот од Сингапур за Мјанмар со авио-компанијата „Џетстар“.
За среќа породувањето поминало без проблеми, а на авионската посада при породувањето и помогнале тројца лекари.
Бебето кое дошло на свет откако авионот бил приземјен, има 2,800 килограми. Патниците раѓањето на Џет стар го испртатиле со аплауз, пренесува сингапурскиот весник „Стрејтс тајмс“.
И бебето и мајката, која неочекувано добила болки во текот на тричасовниот лет, се чувствуваат добро и се пуштени од болница.
Нискобуџетната компанија „Џетстар“ најавила дека на ова бебе ќе му подарат пакет со бебешки работи во вредност од 650 евра. Според правилата на оваа авио- компанија, бремените жени кои влегле во 28 недела од бременоста може да летаат само доколку имаат потврда од лекар дека се здрави. На бремените жени им се дозволува да летаат се до 40-тата недела од бременоста, само доколку летот не трае подолго од 4 часа.