Ужас ја потресе Хрватска. 35-годишна мајка на четири деца со години наводно ги занемарувала децата, а се кулминирало минатата недела кога го оставила своето бебе старо 20 дена само во куќата. Кога се вратила бебето било мртво. На жената ќе и биде поднесена кривична пријава за повреда на детските права.
Телото на бебето е однесено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.