Бебенце преживеало удар од гром во стомакот на својата мајка (Видео)


Бебенцето Кимберли од Мексико за влакно и побегнало на смртта. Таа преживела удар од гром уште во стомакот на мајка си.

– Сите велат дека е вистинско чудо што бебето преживеало. Таа е мал борец, изјавил татакото.

bebe grom

Мајката по несреќата се породила две недели порано. За жал, девојченцето ни година дена покасно не може целосно да се опорави. Не може да седи правилно, да лази, а и храната во организмот и се вари со потешкотии.

Кендра и Иан гледале огномет по повод прославата на 4. јули, кога трудницата ја погодил гром. Веднаш била пренесена во болница каде што и бил извршен царски рез.

„Ме погоди гром и сега се наоѓам во болница. Се надевам дека моето бебе наскоро ќе се опорави, тоа е многу електрицитет за мало бебе“, напишала Кендра на Фејсбук два дена после породувањето.

Освен карактеристичната фризура, малата Кимберли пати и од други последици. Таа неможе исправено да стои, ползи и има потешкотии при јадење.

Лекарите не знаат дали некогаш ќе може да се развие како нормално дете, со оглед на тоа дека нејзиниот случај е многу редок.

-Се уште се храни со помош на цевче, но мило ми е што преживеа, рекла Кендра.

Болничарот од Итната помош рекол дека до сега слушнал само за 11 случаи кога трудници ги погодил гром. Од нив само половина ги задржале бебињата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1