1. Чистач на домашните миленичиња – се користи исто како сувиот шампон.
2. Разладувач во жешките денови – посипете од пудрата врз чаршафот со кој се покривате во лето, покрај тоа што ќе се разладите, ќе ви мириса пријатно.
3. Ја впива мрснотијата – ако нешто ви се измрси, само посипете ја мрснотијата со пудрата.
4. Освежувач за старите книги – детската пудра ја впива влагата и спречува да се формира мов.
5. Отстранувач на непријатна миризба од чевлите- напудрете ги чевлите
6. Ублажувач на шкрипење на подот – пополнете ги празнините помеѓу даските.
7. Истерувач на мравки – посипете од пудрата околу рамката на прозорите и вратата, и со сигурност мравките ќе го заобиколат вашиот дом.
8. Освежувач- наместо дезодоранс, нанесете пудра која ќе ја впие потта, а доколку не ви се допаѓа миризбата на детската пудра, додадете неколку капки од етерично масло (по желба).
9. Истакнување на трепките – нанесете пудра пред да ја нанесете маскарата.
10. Спречува иритација на кожата – при одење, на некои луѓе им се тријат нозете во внатрешниот дел на бутовите, а за да се спречи иритирањето се нанесува пудра
11. Го смалува интензитетот на болните депилации – напудрете ги местата пред депилација за да се создаде слој, кој ќе ве заштити од жешкиот восок.
12. Замена за камената пудра – по шминкање нанесете мала количина од детската пудра и ќе изгледате извонредно.
13. Сув шампон – ако косата е непослушна или брзо се разбушавува, тогаш направете микс од детска пудра и прашок за пециво (иста количина). Косата ќе ви биде благодарна.