БЕГ апелира: Не го исклучувајте парното да не замрзнат инсталациите


„Балкан енерџи груп“ утрово испрати апел до корисниците да не го исклучуваат парното поради опасност од замрзнување.

„Во врска со метеоролошките најави за следниот период кои предвидуваат екстремно ниски температури, апелираме до потрошувачите на системот за централно греење во индивидуални станбени објекти-куќи, деловни објекти и објекти за образование, целосно да не го исклучуваат греењето поради заштита на грејните инсталации од замрзнување“, апелираат од БЕГ.

За сите потребни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1