Бега и од ИСИС: џихадистите сакаат да му се одмаздат зашто не се разнел (ВИДЕО)


Летоци со неговата фотографија се залепени во секој француски град. Иследниците, меѓутоа, веруваат дека Абдеслам, осмиот напаѓач во масакрот во Париз, освен од полицијата бега и од ИСИС. Еден белгиски веб-сајт објави дека единствениот идентификуван напаѓач што сè уште е жив на 17 ноември отишол кај пријател во Брисел и му рекол дека се кае што учествувал во нападите, кои „отишле предалеку“.terorist poternica

Тој рекол дека не се осмелува да ѝ се предаде на полицијата бидејќи се плаши дека ИСИС ќе му се одмазди на неговото семејство.

Иако е базирана на докази од еден неименуван извор, оваа информација се совпаѓа со сè поголемата убеденост дека Абдеслам на 13 ноември испаничил и не ги завршил дивјачките задачи, меѓу кои и да се разнесе, што му ги дала ИСИС.

Истражителите утврдија дека Абдеслам, кој претходно бил познат главно како ситен бриселски криминалец, во петокот вечерта и во раните часови во саботата седум часа талкал низ Париз, а потоа избегал во Белгија. Полицијата следеше телефонски повик што тој го направил во 22:30 часот, додека масакрот во Батаклон сè уште траел, барајќи од пријател да вози 300 километри од Брисел за да го спаси.teroristi-isis-pariz500

Тие пристигнале околу 5 часот наутро. Потоа нивниот автомобил, додека возеле кон Брисел, бил запрен од жандарми на автопатот А2, во близина на Камбре. Абдеслам им ја покажал на жандармите својата белгиска лична карта. Му било дозволено да продолжи бидејќи неговата поврзаност со масакрите во Париз не беше откриена сè додека подоцна истиот ден се дозна дека автомобилите користени во нападите биле изнајмени на негово име. Двајцата млади Белгијци што дошле да го земат, Хамза Атоу и Мухамед Амри, се во притвор. Белгиските официјални претставници велат дека тие негираат секаква друга поврзаност со злосторствата во Париз.teroristi

Oколу 22 часот, тој го оставил својот постар брат, Ибрахим, на булеварот Волтер, во близина на Батаклaн. Ибрахим, ситен криминалец и сопственик на бар во Брисел, со бледи врски со радикалниот ислам, веднаш се разнел пред барот Комптоа Волтер. Не предизвикал повеќе од помали повреди кај минувачите.

„Можно е тој да испаничил или да се исплашил што треба да се самоубие. Можно е да бил згрозен од она во што бил вклучен, или пак неговиот експлозивен појас да не се активирал.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1