Бегајте од шефови со големи потписи – eве зошто


Нова студија објавена од страна на Кенан Флагер, Бизнис школо од Универзитетот во Северна Каролина, укажува на тоа дека поголемите и подебели потписи на извршните директори, значат и поголемо его и веројатност дека тој или таа е нарцист сам по себе.

Ова најверојатно би значело дека вработените ќе сакаат да бидат дистанцирани од газдите со поголеми потписи, поради тенденцијата својата енергија да ја потрошат агресивно кон акционерите во компанијата.

Jacob J. Lew, Jack Lew
Авторите на студијата Чарлс Хем, Николас Сајберт и Шон Ванг, велат дека оние со поголеми потписи се склони на поголеми ризици и лоши инвестиции и поголема веројатност да ја изгубат компанијата за разлика од оние со помали потписи.

Оваа студија е една првите кои се фокусира исклучиво на големината на потписите, како и прва која што ја утврдува тврдата врска меѓу големите потписи и лошите одлуки. Ко-авторот на студијата Ванг, додал дека истражувачката група користела вкупно 605 потписи, кои поминале низ софтверска програма и истите се анализирале од која област доаѓаат.

Додека го истражувале потписот на Џејмс Динан од „Јорк Капитал“, Саси, истакна дека големиот потпис со високи букви, ја изразувале неговата гордост и доверба. Здебелените букви на Арт Самберг од „Pequot Capital“ ја индицираат неговата смисла за гордост, додека заоблените агли ја покажуваат неговата агресивност и доминативна персоналност.

Потписот на Дан Лоеб, извршен директор на „Third Point“, ја покажваат неговата чесност и умерен степеност на самодоверба.
Потписот на секретарот за Финансии на Америка Јаков Лу, сугерира на „повлечено, чувано лице“, кое очигледно е како еден вид на мислител.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1