Бејта отпушта 163 вработени во „Комуналец“


Привремениот директор на ЈП „Kомуналец“, Мемедали Џафери наредил да се раскине работниот однос на 163 вработени со договор на дело, за што нема никаков изговор и правна оправданост, вели поранешниот градоначалник на Гостивар, Руфи Османи. На прес конференција изнесоа меѓусебни обвинувања за злоупотреби и незаконски отпуштања.

komunalec cistaci– На првиот работен ден на многу примитивен начин ги навреди вработените во администрацијата кои не се членови на ДУИ и им се заканил со откази. На 17.04.2013 на 18 вработени кои имаат договор за работен однос до 30.06.2013 им ги раскина договорите за работа без никаква законска оправданост, рече Османи на денешната прес-конференција.

Актуелниот градоначалник Невзат Бејта ги отфрла наводите за реваншизам и дека тој се обидува да воведе ред и да отстрани од работа лица што биле вработени по партиска директива на НДП.

– Обвинувањата доаѓаат од човек кој ги изгуби изборите и се неосновани. Отпуштените биле ангажирани со проект на Владата и имале договори до крајот на март. Во ЈП „Kомуналец“ за предизборни активности биле вработувани луѓе за кои не се обезбедени пари за плати. Во моментов преземаме мерки за санација на претпријатието, во кое според нашите сознанија направен е криминал со милионска вредност, рече Невзат Бејта.

Lokalno.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1