Белгија воведува „полициски час“ поради Ковид-19


Во белгиските провинции Валонски Брабант и Луксембург во сила e полициски час од 14 октомври на полноќ, со цел да се спречи растечката инфекција со Ковид-19.

Од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро на граѓаните ќе им биде забрането да бидат на отворено, освен во случај на работа, итна медицинска помош или виша сила, наведуваат локалните власти.

Двете провинции се наоѓаат во францускиот гворен регион Валонија, кој покрај Брисел, е најмногу погоден од новиот бран на инфекција со коронавирус.

Националниот центар за кризи предупредува дека до крајот на оваа недела, Белгија може да достигне нов врв на инфекција со 10.000 нови случаи на дневна основа.

Во исто време, бројот на смртни случаи од Ковид-19 се искачи на 20 на ден.

Од почетокот на пандемијата во Белгија, 10.211 лица починаа од коронавирус.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1