Белград може да пропадне во земја


Зградата на улицата “22 октомври” во Земун, која нагло почна да тоне не е единствениот случај во градот. Потенцијално загрозен е цел Белград, освен Тајшмајдан и околината чии згради се изградени на лесна и песочна површина.Screenshot_40

Иако зградите може да бидат стабилни, сепак опасноста доаѓа од водата, односно од старите канализациони и водоводни цевки кои може да протечат и да ја “минираат” зградата.

-Зградата може да пропадне во земја за помалку од една недела. Лесот е една од најчуствителните видови на почва кога се однесува на пенетрација на водата. Не е потребно водата да тече, туку доволно е само да капе. Поради својата порозна структура, земјиштето тоне а со него и објектите, објаснила професорката од Градежниот факултет, Мирјана Вукичевиќ.

Еден од највпечатливите примери кој ја потврдува ваквата теза е зградата на ПМФ во Белград која буквално пропадна во земја. Лани истата беше трајно санирана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1