Бензините поевтинуваат 1,5 денари, дизелот половина денар


Малопродажните цени на бензините ноќеска на полноќ се намалуваат 1,5 денари, а на дизелот и на екстралесното за половина денар.

benzin4Вака одлучи во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика на редовната двонеделна седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката, новата цена на литар еуросупер БС-95 ќе изнесува 81 денар, додека литар еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 82,5 денари.

Новата цена на литар еуродизел (Д-Е V) изнесува 69,5 денари, а на литар екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 58 денари.
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,297 ден/кг, со што новата цена на килограм мазут изнесува 41,410 денари.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период
изнесуваше 108,719 $/барел и е за 0,34 % пониска од просечната цена на сурова нафта
по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати, се вели во образложенито на регулаторите.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 46,2238 ден/$ и е за 1,14 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1