Бензините поскапуваат за 2,5 денари, дизелот за половина денар


Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука за поскапување на горивата.

benzin benziska mk3

Малопродажните цени на еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2,5 денари за литар во однос на досегашните, утврдени на 23 февруари. Новата цена на еуросупер БС-95 е 67,5 денари за литар, а на еуросупер БС-98 изнесува 69,5 ден/литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на еуродизелот (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,5 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 23.02.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,5 ден/лит, а на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 44 ден/лит.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1