Основачот на фармацевтската компанија „Апотекс“, канадскиот милијардер Бери Шерман (75) и неговата сопруга Хани биле убиени со задушување, соопштија полициските власти во Торонто.
Аутопсијата покажа дека смртта кај двете жртви настапила поради задушување, се наведува во извештајот, при што се истакнува дека Одделот за убиства е одговорен за истрагата за случајот.
Бери Шерман беше еден од најбогатите луѓе во Канада. Неговата фирма „Апотекс“ постои од 1974 година, а денес таа извезува лекови во 115 земји во светот.
Брачната двојка беа пронајдени мртви во петокот во нивниот дом во Торонто.