Берлин ќе биде седиште на првата фабрика на „Тесла“ во Европа


Автомобилската и електроенергетската компанија „Тесла“ соопшти дека во Берлин ќе биде отворена нивната прва фабрика во Европа.

Извршниот директор на оваа компанија Илон Маск изјави дека четвртата Гигафактори ќе биде во главниот рад на Германија, каде ќе изгради инженерски и дизајнерски центар.

– Сите знаат дека германскиот инженеринг е неверојатен и тоа е дел од причината зошто ќе ја лоцираме нашата фабрика токму во Германија – изјави Маск синоќа, на церемонијата за доделување награди за автомобили во таа земја.

Според извор на Фајненшл тајмс, во Берлин Тесла ќе произведува два модела: нискобуџетниот Model 3 и Model Y, кој се уште не е во производство. Целта на компанијата е со производство да почне во 2021 година. Засега не е познато кога ќе почне изградбата на Гигафактори 4, ниту за колку време ќе биде готова. Третата Гигафактори, онаа во Шангај, била изградена за помалку од половина година. Во Кина, Тесла произведува возила Модел 3, наменети за внатрешниот пазар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1