Поранешниот италијански премиер и долгогодишен претседател на Милан, Силвио Берлускони, денеска потврди дека го продал славниот фудбалски клуб на кинески инвеститори.
– Да, го продадов Милан. Меѓутоа, сакам новите сопственици во следните две години да потрошат 400 милиони евра за трансфери. Тие се важна организација со државен капитал. Го продадов Милан на група која може да го врати клубот на прво место во Италија, Европа и во светот – истакна Берлускони.
Берлускони беше на чело на Милан од 1986 година, а „росонерите“ во тој период освоија 29 трофеи, од кои пет во Лигата на шампиони и осум во Серија А.