Берлускони ќе и плаќа 1,4 милиони евра месечно на поранешната сопруга


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони на својата поранешна сопруга Вероника Ларио ќе мора да и плаќа 1,4 милиони евра месечно според пресудата за договорен развод.berluskoni zena

Педесет и осум годишната Ларио била 25 години во брак со италијанскиот медиумски магнат и политичар, пред да се разведе од него минатата година.

Првично било пресудено Берлускони да и плаќа алиментација во износ од три милиони евра месечно, но 78-годишниот милијардер поднесе жалба на пресудата.

Двојката Ларио-Берлускони се запознале во 1980 година, се венчале во 1990 година и имаат три деца. Берлускони има уште две деца од првиот брак.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1