БЕСА ја завршија средбата со Иванов


Претставниците на политичката партија БЕСА си заминаа од кабинетот на претседателот Ѓорче Иванов по средбата со него на која се разговарало за актуелната политичка состојба. Од партијата не дадоа изјава за медиумите.Инаку, претседателот Иванов денес ќе оствари поединечни средби со претставници и претседатели на политичките партии.besa

Како што соопшти Кабинетот на Иванов, во 13:00 часот треба да почне средба со претставници на „Алијанса за Албанците“, во 14:30 часот со претседателот на ДУИ Али Ахмети, во 16:00 часот со претседателот на СДСМ Зоран Заев, а во 17:30 часот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

На консултации со претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, беа поканети и претставници на ДПА.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1