Беса нема да поднесе тужби, се сомнева во независноста на Управниот суд


Движењето Беса нема да поднесе тужби до Управниот суд по одлуките на Државната изборната комисија да се отфрлат седум од осумте приговори за изборниот процес.besa

– Органите на партија оценија да не поднесат тужби до Управниот суд бидејќи се сомневаат во неговата независност и однапред ја знаат неговата одлука – изјави за „Мета“, портпаролот на Беса, Орган Муртезани.

Државната изборна комисија го прифати приговорот на Беса и го поништи гласањето на едно избирачко место во Гостивар каде што друго лице се потпишало на местото на Фатиме Сулејмани, што беше констатирано и од официјален графолог.

Од СДСМ засега нема официјална бројка на поднесени тужби до Управниот суд. Портпаролот на партијата, Петре Шилегов соопшти дека во текот на денот ќе излезат со соопштение или ќе свикаат прес-конференција.

Во меѓувреме, тече 24-часовниот рок за тужби до Управниот суд. По поднесувањето на тужбите, пет судии од Управниот суд, избрани по пат на ждрепка, во рок од 48 часа на јавна седница треба да одлучат како ќе се постапува по тужбите, а одлуките во рок од 24 часа треба да се објават на веб-страницата на судот, како и на веб-страницата на ДИК. Одлуките на Управниот суд треба да го содржат и начинот на гласање на секој судија поединечно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1