Беше градоначалник само два часа – ликвидиран веднаш штом тргна во акција


Алехандро Апарицио, градоначалник на мексиканскиот град Тлаксиак, е убиен два часа по преземањето на должноста

Канецеларијата на главниот државен обвинител извести дека нападот се случил во попладневните часови откако градоначалникот Апарицио заедно со своите советници, по церемонијата на полагање заклетва тргнал на прва задача како шеф на локалната власт.

Апарицио се здобил со рана во градите и веднаш е префрлен во локалната болница, но лекарите не можеа да му го спасат животот.

Во ова пукање повредени се уште четири лица.

Гувернерот Алехандро Мурат го осуди нападот на новоизбраниот градоначалник и нареди истрага. Подоцна соопшти дека еден од осомничените за убиството е уапсен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1