Беше најголема ѕвезда во 90-те: Му почина цело семејство, па проба да се самоубие


Најголемата ѕвезда во Србија во деведесетите, Игор Тодоровиќ, Диџеј Иги како што го познаваме, сакал да си го одземе животот поради трагедиите кои го следат неговото семејство.dj-igi

Тој по смртта на своите мајка, татко и брат сакал да си пресуди самиот не можејќи веќе да го поднесе товарот.

– Прво го загубив братот, почина на 31 година, потоа тато и мама. Беа тоа тешки денови. Сакав да се убијам. Не можев да поднесам. Не гледав излез, знаев дека депресијата ќе ме совлада, па затоа го продадов пиштолот, вели тој.

Тој вели дека научил да живее со болката бидејќи таа никогаш не поминува. Кога му е многу тешко оди на гробиштата и разговара со саканите кои веќе ги нема.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1