Бесплатен јавен превоз во Париз поради загаденоста на воздухот


Властите на францускиот Регион Ил де Франс и на Париз одлучија јавниот превоз да биде бесплатен во целиот парискиот регион, со цел да се намали загаденоста на воздухот со ситни честички, која последниве неколку дена достигна максималната концентрација.

6parispolutionOваа одлука се надоврзува на таа на париските градски власти кои донесоа и одлуката за беспалатно изнајмување на велосипедите „Велолиб“ и на електричните автомобили „Аутолиб“. А како вонредна мерка воведоа и пар непар возење на автомобилите според броевите на регистарските таблички

Овие одлуки ќе бидат на сила се додека трае високата загаденост на воздухот од кој е погодена француската престолнина од пред една неделеа.

Градот Париз ќе ги преземе трошоците за користење на велосипедскиот превоз, кои изнесуваат 1,70 евра,  во траење од час и половина, додека бесплатното возење со електричните автомобили е ограничено на еден час.

Властите донесоа и мерка за ограничување на движењето на тешките моторни возила од над 3,5 тони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1