Погребот на починатите лица кои ќе бидат донатори на органи, ќе биде на државен трошок е предлогот во законските измени во Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело, кој денеска мина на првото читање на собраниската комисија за здравство
„Идејата е тие семејства да бидат ослободени од сите трошоци за погребални услуги за умреното лице-дарител на органи и ткива. Сметам дека и ова е во насока на проширување на некои права или можности кои ќе доведат до зголемување на бројот на трансплантации, а со тоа и продолжување на животот на повеќе граѓани во Македонија“ – изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
За живите дарители на органи и ткива се предлага целосно да бидат ослободени од плаќање партиципација за лекување и за лекови до крајот на животот.