Денеска со старт во 15:00 часот бесплатен влез за тинејџерскиот филм на младата македонска режисерка Елеонора Велинова ,, Статус – Во неволја,, во Кино Милениум во рамки на Cinedays.
Режисер, сценарист, па и светски патник. Елеонора Венинова е чиста спротивност на просечната македонска девојка. Се откажа од новинарството за во Лос Анџелес целосно да се посвети на филмот, здобивајќи се со диплома од California State University Northridge. Од Америка замина за Африка, но сепак се врати во Македонија каде и го направи својот прв краткометражен филм Статус: Во неволја кој ќе се прикажуваа утре на CineDays во Кино Милениум.
Во филмот Тамара, Кристијан, Филип и уште неколку нивни соученици се заглавени на училиште во сабота наутро, решавајќи тест по хемија кој оправдано го пропуштиле. Нивното внимание го одвлекуваат „Фејсбук“ гласините дека некоја девојка од нивното училиште е трудна. Предводени од Тамара, развиваат теории за точноста на шпекулациите, а оган на дискусијата ќе додаде Филип кој на пат за училиште ја забележува нивната другарка Весна како повраќа. Кога на тоа ќе се додаде и неочекуваниот гостин, инспекторот Драги Тасевски, учениците се организраат за бегство, не сфаќајки дека нивната акција ги доведува во уште поголема неволја.
Вреди да се погледне овој филм !