Еуролинк осигурување организира бесплатна туристичка тура до манастирот „Св. Јован Бигорски“ за стотина граѓани на 16-ти септември.
Kомпанијата соопшти дека сите заинтересирани граѓани, без разлика на возраста, ќе може да се пријавуваат од денес до следниот вторник на електронска адреса: [email protected], на која треба да испратат: име и презиме, возраст, контакт-телефон.
Сите трошоци за организација на настанот ги покрива Eуролинк осигурување, а екскурзијата ќе се оддржи во сабота на 16-ти. Се поаѓа во 8.30 часот, на паркингот пред Дрво декор спроти „Холидеј Ин“.
Екскурзијата до „Св.Јован Бигорски“ е дел од туристичките прошетки од проектот „Мапа на културата“, кои Еуролинк осигурување ги реализира во неколку етапи во текот на целата година.
До сега во рамките на проектот „Мапа на културата“ Еуролинк организираше бесплатни екскурзии до Стоби и до Хераклеја.