Бесплатни брисеви за невработените бремени жени


Бремените жени кои се невработени или примаат социјална помош или минимална плата нема да плаќаат партиципација за микробиолошки брисеви, кои се неопходни според протоколите.

matka porogjaj bremenostОваа новина е дел од Програмата за мајки и деца, според која бремените жени треба да достават потврда дека се невработени од Агенцијата за вработување, доказ дека се приматели на социјална помош од центрите за социјална работа или потврда дека примаат минимална плата.

Проценките покажуваат дека со оваа програма годишно ќе бидат опфатени околу 6.000 бремени жени, кои ќе направат бесплатни брисеви.

Мерките се преземени бидејќи лани доеничката смртност бележи благ тренд на пораст. Според министерот, првиот проблем е непосетувањето гинеколог за време на бременоста, а вториот е неправењето на овие микробиолошки тестови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1