Бесценето: Снимка од вовчето Кирчо кое сообраќало до Охрид (Видео)


Ова бесценето парче е краток документарен филм од 1972 година, кога возот „Ќиро“ сеуште сообраќал до Охрид. Филмот е посветен на еден кондуктер, Петар Михајловски, од Охрид, за неговиот живот, предизвици и вредностите на времето во кое живеел. И секако нераскинливата врска на човекот од овие краеви со малото чајниче кое значело многу во тоа време, објави порталот „Кичево“.

Kirco-fotki-520x346

 

Вистинската вредност е што многумина од нас, макар на видео, ќе го видат за првпат „Ќирчо во акција“ низ кривулестата пруга. Многу сцени наликуваат на вестерн филм. Ќе видите и сцени кои одамна неможат да се видат во овие краишта, а биле вообичаени се до 40-тина години во Дебарца и Охрид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1