Оперскиот пејач Игор Дурловски е единствениот од обвинетите за настаните на 27. април во 2017 година во Собрание, кој доби ослободителна пресуда. Тој го напушти судот откако судијката Добрила Кацарска даде пауза од еден час за да одлучи дали останатите кои добија затворски казни ќе завршат во притвор.
Тој замина фатен за рака заедно со сопругата Ана Дурловска, а пред судот го чекаа група граѓани кои му честитаа и го поздравуваа, информира „Плусинфо“.
Меѓу првите кои го прегрнаа бешеи Богдан Илиевски Бетмен кој исто така беше обвинет како водач на протестите, но побара и доби амнестија.