Без биометриски лични карти нема гласање – 132.893 граѓани уште не извадиле


Право на глас на следните избори да имаат државјани на Република Македонија кои поседуваат важечки лична карта или пасош, е една од препораките на работната група за прочистување на Избирачкиот список што се состана денеска.


Според последниот извештај на МВР, 132.893 државјани на Република Македонија се без биометриски и важечки лични документи, а 32.070 од нив живеат надвор од државата. Вкупниот број на избирачи согласно 31 октомври 2012 изнесува 1.878.029 избирачи, информира Миа.
Државната изборна комисија изработи спот кој ќе се емитува на јавниот сервис и со кој ќе ги повика граѓаните кои се уште немаат извадено биометриски документи да го направат тоа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1