Без државна гаранција дека зградата е безбедна за земјотреси – нема градење


Ако нема мислење и гаранција за механичка отпорност, сеизмичка заштита и стабилност на објектот, нема да има ни дизвола за градба. Ова се предвидува во измените на Законот за градба, кој наложува  новата одредба да падне на грбот на инвеститорот. Како што појасни министерот за транспотр и врски, Миле Јанакиевски државата ќе одлучува во која научно-истражувачка институција ќе носи проектот за да се добие неопходното мислење, пренесува Фактор.

zemjotresВладата исто така е таа што ќе прави ценовник за износот на услугата, а засега се знае дека трошоците за куќите ќе бидат едонкратни, но за поголемите објекти ќе има посебна тарифа. За градбите до 300 метри квадратни, претежно за куќи, ќе треба да се обезбеди мислење само во тек на проектирањето. За сите градби со поголема површина од 300 метри квадратни ќе се обезбедува мислење и при проектирање, градење и ставање во употреба.

Новините ги поддржа и директорот на Институтот за земјотресно инженерство, Михаил Гаревски кој смета дека на овој начин ќе се намалат ризиците за градбите.

Од 15 до 17 илјади евра казна ќе треба да платат фирмите што навремено нема да обезбедат мислење или пак нема да го почитуваат,  11.000 евра е казната за одговорното лице, а 7 до 9 илјади евра за потписникот на проектот. Законските измени нема да важат ретроактивно, за објекти кои веќе се изградени и пуштени во употреба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1