Кели Гисинденер, осудена во 1997 за убиство на нејзиниот сопруг е егзекутирана со смртоносна инјекција во државниот затвор во Џексон и покрај повиците од страна на папата Франциско нејзиниот живот да биде поштеден.
Во Џорџија е погубена Кели Рени Гисинденер, прва осудена затвореничка која се соочила со смртна казна во последните 70 години во оваа држава. Гисинденер, осудена во 1997 за убиство на нејзиниот сопруг, е егзекутирана со смртоносна инјекција во државниот затвор во Џексон и покрај повиците од страна на папата Франциско нејзиниот живот да биде поштеден.
За време на вбризгувањето на смртоносната инјекција, таа ја пеела американската химна и побарала на нејзините деца да им биде пренесено дека на тој начин починала.
Трите барања од нејзините адвокати за нејзино помилување, но и барањето да ѝ се одложи смртната казна на 24 часа за нејзините деца да се простат од неа, биле одбиени.
Обвинителството наведува дека Кели Рени Гисинденер, со нејзиното момче Григориј Овен го испланирала убиство на нејзиниот сопруг.
Овен, кој до смрт го избодел Даглас Гисинденер, се изјаснил за виновен и сведочел против Кели Гисинденер (47). Тој е осуден на доживотен затвор.
Како што самата признала, Кели влегла во затвор како себична, гневна и насилна жена, но во затвор започнала да ја проучува Библијата, а се стекнала и со диплома за завршен Теолошки факултет.
Последен пат смртна казна врз жена во Џорџија е извршена во 1945.