Без паника – Ебола не се шири преку воздух


Здравствените власти апелираа на смиреност бидејќи можен заболен од ебола не значи и епидемија. Еболата не се шири преку воздух, туку само преку директен контакт со заболен преку неговите излачевини, нагласи д-р Костовска.ebola-lek-652x320

Во насока на превенција се и мерките кои се воведени на граничниот премин Деве Баир и аеродромот Александар Велики каде во наредните денови се очекува да пристигнат над 700 македонски државјани по нивниот престој на аџилак во Мека. Здравствени тимови, со специјална опрема ќе ги контролираат сите лица кои ќе пристигнат на овие два пункта.

Секој аџија ќе добие соодветни инструкции за тоа што ќе треба да прави доколку добие некој од симптомите. Тие треба да бидат 21 ден под надзор. На аеродромите и на граничните премини обезбедени се и соби за изолација. Се набавуваат и специјални скафандери и носилки.

Како се пренесува ЕБОЛА и кои се први симптоми

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1