Без паника: Хив вирусот не може да опстане надвор од човекот


Човекот е единствен пренесувач на ХИВ, бидејќи ги има таканаречените ЦД 4 лимфоцити, кои му се потребни на вирусот.

Во нив се вгнездува, живее, а потоа и се пренесува низ целиот организам. За епидемиолозите нечија невкусна шега се фотографиите кои ги преплавија социјалните мрежи, а на кои се прикажани портокали во кои наводно има инфицирана крв со ХИВ. Сметаат дека во позадина на тие слики може да се кријат и бизнис интереси.portokal-hiv-640x639

„ХИВ вирусот не може во надворешна средина поради фактот дека многу е осетлив на сончеви зраци, осетлив е на воздух, односно на кислород, осетлив е дури и на површини на кои може да капне, но тоа е капка крв“, објаснува д-р Жарко Караџовски, епидемиолог од институтот за јавно здравје.

Епидемиолозите објаснуваат дека постојат 4 начини на пренос на вирусот: од заразена мајка на својот плод, преку незаштитен сексуален однос, трансфузија на контаминирана крв и преку инфицирана игла.

„Мора да има крв – слузница контакт. Не може да има човечки организам со плочките на кои стоиме во моментов и на тој начин да се пренесе“, додава Караџовски.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека од декември минатата година досега не се увезени портокали од Алжир, за кои на социјалните мрежи се шират дезинформации дека се со ХИВ вирус.

Според агенцијата Македонија увезувала портокали главно од соседните Грција и Албанија, како и од Турција. Од таму тврдат дека на граничните премини на секоја увозна пратка редовно се вршат контроли и од секоја пратка на овошје и зеленчук се земаат примероци за анализа.

Секоја увозна пратка која била влезена во промет, била потврдена со добиени анализи за безбедност на производите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1