БЕЗ ПАНИКА: Нема отровни лимони во Македонија


Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија дека се увезени небезбедни лимони од Република Турција.

limon3

Од Агенцијата соопштуваат дека нивните инспекциски служби вршат континуирани контроли на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во Република Македонија, вклучително и на увозот на лимони од Турција со земање на мостри и вршење на лабораториски испитувања.

-Досега ниту со еден резултат од испитаните мостри цитрусно овошје, вклучително и на лимони кои во државава се увезуваат од РепубликаТурција, не се евидентирани отстапувања во поглед на безбедносните критериуми за увоз на агруми. По изнесените наводи, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги засили инспекциските контроли, кај увозниците на јужно овошје и во внатрешниот промет, соопштуваат од Агенцијата.

Од почетокот на годинава заклучно со септември, на македонскиот пазар увезени се 4.784.014 килограми лимони, по потекло од Грција, Шпанија, Бразил и Италија. Во истиот временски период само од Република Турција увезени се 2.913.823 килограми.

Kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1