Без струја поголем дел од Скопје


Поголем дел од Скопје попладнево остана без напојување со електрична енергија.

Струја нема во Центар, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Ѓорче Петров.

Во цело Скопје попладнево околу 17.20 часот снема струја. По 20 минути, струјата се вклучи пак, но снема по 5 минути. За исклучувањето на струја денеска немаше никакви најави.

Од ЕВН засега нема информации што е причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1