Поради дефект на неповратен вентил на резервоарот Жданец, жителите од населбите Козле, Жданец и Трнодол во понеделник од 8 до 14 часот ќе немаат вода.
Ова се наведува во соопштението од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.