Поради работи за отстранување дефекти, без вода ќе бидат Аеродром и Ново Лисиче.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, екипи на ЈП Водовод и канализација ќе го прекинат снабдувањето со вода за високите зони во овие две населби во 2 часот. Водата повторно ќе биде пуштена откако ќе завршат работи кои ќе се вршат кај крстосницата на булеварите Борис Трајковски и Србија. Засега не може да се прогнозира кога тоа ќе се случи, оти зависи од комплицираноста на интервенцијата.
Вода ќе немаат и корисници на улицата Рузвелтова. Прекинот ќе се однесува на делот на улицата меѓу булеварот Партизански Одреди и улицата Орце Николов. Водата ќе биде сопрена во 9.30 часот, а повторно ќе биде пуштена после завршувањето на работите.