Wi-Fi може да му наштети на човековото здравје, тврди данска научна група.
Во групата ученици ги посматрале ефектите од зрачењето на два бежични рутери на шест садници билки во иста просторија и други шест билки во соба без никаква опрема, пушува Daily Mail.
Во рок од 12 дена, 90% од билките во собата со рутерите овенале, листовите им пожолтеле, и не покажувале знаци на живот, додека оние во празната просторија останале недопрени.
Научната група тврди дека со ова се докажува штетноста на модерната технологија која го нарушува здравјето на луѓето.
Сепак, критичарите тврдат дека садниците можеле да се исушат поради близината на рутерите кои испуштаат топлина, а не поради нивното зрачење.
Резултатите од ова истражување ги поткрепуваат и резултатите од студиите од Холандија од Универзитетот Ванегинген каде научниците изложиле 20 стебла јасени на различни извори на зрачење во период од три месеци. Лисјата кои биле најблиску до Wi-Fi изворите постепено се сушеле и на крајот овенале.
Денеска околу 70% од листовитена дрвјата во градските зони покажуваат такви симптоми, додека пред пет години истите симптоми ги имале само 10% од дрвата, тврдат холандските научници.
Истакнуваат дека се потребни уште подлабоки истражувања за да се утврди вистинското влијание кое го има Wi-Fi технологијата над човековото здравје.