Хрватска, која во јуни ќе стане полноправна членка на Европската Унија, не е истата онаа земја од почетокот на преговарачкиот процес со ЕУ.
Новинарот на Би-би-си Тим Џуда потсетува дека хрватската економија е веќе петта година во рецесија, дека невработеноста од 13,4 пораснала на 20,4 отсто, и дека населението е сѐ постаро, помалобројно и сѐ понезадоволно поради тешките животни услови.
Џуда вели дека Хрватите се „лути“ поради сето ова, дека не им веруваат на своите лидери, бидејќи „ мал број луѓе во минатите години стекнале големо богатство, додека на обичните луѓе животот им е сѐ потежок“.
„Хрватската економија, иако не е дел од еврозоната, е целосно интегрирана во неа, што значи дека не е сѐ во хрватски раце. Нејзин најголем пазар е Италија, која е прилично погодена од кризата. Накратко, Хрватите едвај ќе забележат промени дента кога ќе влезат во ЕУ, но процесот на приклучување веќе ја преобразил земјата“, пишува тој.