Биба Додева е победник на Макфест 2014 (ВИДЕО)


Биба Додева со песната „Врати се“ триумфираше на годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии Макфест 2014.

Второто место го освои Дарко Илиевски со композицијата „Кога најмногу ми требаш“, додека третопласиран беше Елвир Мекиќ со нумерата „Ако времето е најдобар лек“.

biba dodevaБиба Додева доби парична награда во вредност од 20 илјади евра. Второ наградениот доби 15 илјади евра, додека третопласираниот беше награден со 10 илјади евра.

Наградата за најдобар сценски настап ја понесе Викторија Лоба, а за најдобар дебитант на овој Макфест е прогласена Симона Поповска, која доби и парична награда од 3 илјади евра.

Директорот на фестивалот Дарко Мијалковски изјави дека македонската публика гласала со 13 294 СМС пораки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1